НАШИ НАСТАНИ

Настани и активности од терен

Погледнете ги настаните и активностите преку кои ја поврзуваме науката со практиката и заедно придонесуваме за природата, пчелите и заедницата.

Настани

Подготовка на пластеникот за органско и пермакултурно производство
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО

Пилот-производство на зеленчук по принципи на органско и пермакултурно одгледување

2024–2026 · Практична теренска активност

Отвори го настанот

Во 2024 година, активисти на КАМПУС ПЧЕЛКА започнаа практичен проект за одгледување зеленчук во пластеник, заснован на принципи на органско производство и комбинирано садење со цвеќиња. Во рамки на проектот се експериментираше и со пермакултурни модели на одгледување, со цел подобро искористување на просторот, природните ресурси и заемното дејство помеѓу различните растителни видови. Беа произведени експериментални количини од различни сорти домати, пиперки, чери домати и други земјоделски култури, а активноста придонесе кон стекнување практични искуства во одржливо мало производство, поттикнување на биодиверзитетот и развој на модели применливи во идни едукативни и рурални иницијативи на здружението. Оваа активност продолжи и во текот на 2025 и 2026 година.

3D печатач за експериментално производство на храна со окара
ИНОВАЦИИ ВО ХРАНАТА

Експериментални проби со 3D печатена храна и окара

2026 · Брно, Чешка

Отвори го настанот

Во 2026 година, во рамки на истражувачката посета во Брно, Чешка, беа реализирани експериментални проби за развој на 3D печатени прехранбени производи со додавање на функционален агро-прехранбен нуспроизвод – соината пулпа окара. Целта беше да се испита можноста за нејзина валоризација како нутритивно вредна состојка во иновативни производи, како и потенцијалот на 3D печатењето како современа технологија за развој на одржлива и функционална храна.

Корица на книгата Trends in Edible Packaging во издание на Springer
НАУЧНА ПУБЛИКАЦИЈА

Објавување научно поглавје во издание на Springer

Јануари 2026 · Springer

Отвори го настанот

Членот на КАМПУС ПЧЕЛКА, Анета Стајиќ, е коавтор на научното поглавје „Introduction to Edible Packaging“, објавено во книгата Trends in Edible Packaging: A Sustainable Approaches for Postharvest Management of Fruits and Vegetables во издание на Springer. Поглавјето е подготвено заедно со Александра Анакијоска, Нишант Кумар и Анка Трајковска Петкоска и ги обработува современите концепти и примената на јадливата амбалажа како одржливо решение во прехранбената индустрија. Објавувањето претставува значаен придонес кон развојот на научните и истражувачките капацитети на КАМПУС ПЧЕЛКА и неговата ориентација кон одржливи технологии и иновации.

Академско унапредување и јакнење на научните капацитети на КАМПУС ПЧЕЛКА
АКАДЕМСКО И НАУЧНО УНАПРЕДУВАЊЕ

Академско унапредување и јакнење на научните капацитети

10 јули 2024 · Технолошко-технички факултет – Велес

Отвори го настанот

Во 2024 година, членот на КАМПУС ПЧЕЛКА Анета Стајиќ успешно ги заврши магистерските студии по Управување со квалитет и безбедност на храна на Технолошко-техничкиот факултет – Велес. Магистерското истражување беше насочено кон влијанието на различен состав на модифицирана атмосфера врз трајноста на безглутенски колач со додаток на морков, придонесувајќи кон унапредување на знаењата во областа на безбедноста, квалитетот и одржливоста на храната. Стекнатите научни знаења претставуваат дополнителен капацитет за развој на истражувачките и иновативните активности на здружението.