Тука ќе ги претставиме луѓето што со своето знаење, енергија и посветеност ја движат организацијата напред.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КАМПУС ПЧЕЛКА
Ненад Стајиќ
Инженер за безбедност при работа · пчелар
Прочитај повеќе...
Ненад Стајиќ е инженер за безбедност при работа и долгогодишен пчелар. Неговата инспирација произлегува од совршената организација и хармонија во пчелното семејство. Воден од желбата да придонесе за заштита на пчелите и дивите опрашувачи, го иницира основањето на здружението КАМПУС ПЧЕЛКА. Со текот на времето, визијата на здружението се проширува кон поширока заштита на природата, биодиверзитетот и промоција на одржлив рурален начин на живот. Комбинирајќи инженерски пристап, организациски способности и долгогодишно искуство во менаџирање со човечки ресурси, успешно ги координира и реализира проектите и активностите на здружението.

ЧЛЕН / ПРОЕКТЕН РАЗВОЈ
Анета Стајиќ
Технологија на храна · нутриционизам
Прочитај повеќе...
Анета Стајиќ е магистер по квалитет и безбедност на храна и кандидат за доктор на науки во областа на иновативни технологии за храна и нутриционизам. Има долгогодишно искуство во технологија на производство на органска храна, а нејзиниот професионален интерес е насочен кон одржливо производство, научно-истражувачка работа и развој на иновативни решенија. Во КАМПУС ПЧЕЛКА е одговорна за развој и подготовка на проекти, поврзување со научни и академски институции и примена на научните достигнувања во практичните активности на организацијата. Со своето знаење и искуство придонесува за креирање иновативни, едукативни и еколошки иницијативи кои го промовираат одржливиот развој, заштитата на природата и циркуларната економија.
Почесен членНАУЧЕН СОВЕТНИК
Проф. д-р Џани Џорџевиќ
Одржливи технологии · валоризација на биоотпад
Прочитај повеќе...
Вонр. проф. д-р Џани Џорџевиќ е универзитетски професор и истражувач на Универзитетот за ветеринарни науки во Брно, Чешка, со научна работа во областа на науката и технологијата на храна. Неговите истражувања опфаќаат одржливи прехранбени технологии, валоризација на нуспроизводи и отпад од прехранбената индустрија, биоразградлива и јадлива амбалажа, функционална храна и иновативни технологии, вклучително и 3D печатење на храна. Како почесен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, проф. Џорџевиќ придонесува со научна експертиза, размена на знаења и поддршка во развојот на истражувачки и иновативни идеи, особено во областите на циркуларната економија, валоризацијата на природните ресурси и отпадните текови и развојот на одржливи производи и технологии.

ЧЛЕН / ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ
Александар Костадиновски
Графички дизајн · фотографија · видео
Прочитај повеќе...
Александар Костадиновски е графички дизајнер и професионален фотограф со искуство во визуелни комуникации, фотографија и обработка и едитирање на видео материјали. Својата креативност и техничко знаење ги применува во создавање современи визуелни содржини за печатени и дигитални медиуми. Во КАМПУС ПЧЕЛКА е задолжен за медиумската и визуелната презентација на здружението – креирање графички решенија, фотографии, печатени, дигитални и видео материјали, документирање на проектните и теренските активности, како и одржување на континуирано присуство и комуникација на здружението преку социјалните медиуми.
Почесен членПОЧЕСЕН ЧЛЕН / НАУЧНА ПОДДРШКА
Проф. д-р Горица Павловска
Хемија на храна · квалитет и безбедност на храна · аналитичка хемија
Прочитај повеќе...
Проф. д-р Горица Павловска е редовен професор на Факултетот за технолошки и технички науки – Велес при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и доктор на хемиски науки. Нејзината научноистражувачка работа опфаќа анализа и хемија на храна, квалитет и безбедност на храна, нутриционизам и аналитичка хемија, вклучително и истражувања на минерали, тешки метали, пестициди и функционални компоненти во храната. Како почесен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, со своето академско и истражувачко искуство придонесува кон научната поддршка на иницијативите на здружението и поврзувањето на практичните активности со современи научни сознанија од областа на храната, здравјето и животната средина.
Почесен членПОЧЕСЕН ЧЛЕН / НАУЧНА ПОДДРШКА
Доц. д-р Живка Горанова
Технологија на храна · функционална храна · валоризација на нуспроизводи
Прочитај повеќе...
Доц. д-р Живка Горанова е научник и истражувач во Институтот за конзервирање и квалитет на храна – Пловдив, Бугарија, со експертиза во технологијата, квалитетот, анализата и безбедноста на храната. Нејзината истражувачка работа е особено насочена кон развој на функционални прехранбени производи, примена на алтернативни и нутритивно вредни состојки и искористување на нуспроизводи од прехранбеното производство како суровини со додадена вредност. Како почесен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, придонесува со научна експертиза и поддршка во развојот на иницијативи поврзани со одржлива храна, циркуларна економија и валоризација на агро-прехранбени нуспроизводи, поврзувајќи ги научните истражувања со нивната практична примена.

ЧЛЕН / КРЕАТИВНИ И ЕДУКАТИВНИ АКТИВНОСТИ
Славе Костадиновски
Самоук уметник · декупаж · циркуларност
Прочитај повеќе...
Славе Костадиновски е љубител на природата, пензионер и самоук уметник. Како хоби се занимава со органско производство на овошје и зеленчук за домашна употреба, а својата креативност ја изразува преку изработка на уникатни дела во техниката декупаж. Во својата работа користи веќе употребено дрво, кое го претвора во автентични икони и уметнички предмети, промовирајќи ја реупотребата и одржливото користење на природните ресурси. Како активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, придонесува во развојот на креативните и едукативните активности на здружението, покажувајќи дека традиционалните вештини и циркуларната економија можат успешно да се поврзат во служба на природата и локалната заедница.

ЧЛЕН / ПЧЕЛАРСТВО И ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ
Горан Миновски
Пчелар · лозарство · органско производство
Прочитај повеќе...
Горан Миновски е пчелар кој со години наназад го негува традиционалното пчеларство и одржливиот начин на живот. Покрај пчеларството, произведува висококвалитетна домашна ракија и вино од сопствените лозови насади, а како хоби органски одгледува сезонски зеленчук за домашна употреба. Како активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, учествува во теренската реализација на активностите и едукативните работилници на здружението, пренесувајќи практични знаења за пчеларството, размножувањето и добросостојбата на пчелите. Со своето долгогодишно искуство придонесува кон промоција на одржливото пчеларство, заштитата на опрашувачите и зачувувањето на природата.
Почесен членНАУЧЕН СОВЕТНИК
Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска
Материјали во контакт со храна · одржливи технологии
Прочитај повеќе...
Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска е редовен професор Технолошко Технички факултет во Велес, Македонија и научник со богато меѓународно искуство во областа на науката и инженерство за материјали, технологијата на храна, и одржливите технологии. Автор е на бројни научни трудови, книги, патенти, како и учесник во бројни меѓународни проекти. Од посебен интерест и претставува и својата работа ја насочува кон развој на иновативни и одржливи решенија во технолошките процеси со практична примена во индустријата. Како научен советник на КАМПУС ПЧЕЛКА, придонесува во креирањето на научно-истражувачките и развојните активности на организацијата, обезбедувајќи стручна поддршка, менторство и поврзување со академски и меѓународни институции, со цел развој на иновативни проекти во областа на одржливото земјоделство, храната, одржливи материјали и биоматеријалите, а сето тоа во контекст на заштитата на животната средина, и подобро планетарно здравје.

ЧЛЕН / КРЕАТИВНИ И ЦИРКУЛАРНИ АКТИВНОСТИ
Звезданка Пешиќ
Art & craft · реупотреба · циркуларна економија
Прочитај повеќе...
Звезданка Пешиќ е уметник и креативец посветен на art & craft изработки, во кои отпадните и веќе користени материјали ги претвора во уникатни декоративни предмети, давајќи им нов живот, вредност и форма. Нејзината работа ја спојува уметноста со идејата за повторна употреба на ресурсите и практичната примена на принципите на циркуларната економија. Како активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, Звезданка е вклучена во развојот на иницијативи поврзани со циркуларната економија и повторната употреба на материјалите, во спроведувањето и практичната реализација на проектните активности, како и во комуникацијата и координацијата со членството. Преку својата креативност и практично искуство придонесува идеите за одржливост да се претворат во конкретни активности, производи и едукативни содржини кои поттикнуваат поодговорен однос кон ресурсите и животната средина.

ЧЛЕН / ЛОГИСТИЧКА И ТЕРЕНСКА ПОДДРШКА
Љупчо Апостоловски
Машински техничар · велосипеди · одржлива мобилност
Прочитај повеќе...
Љупчо Апостоловски е машински техничар, љубител на велосипедизмот и активниот начин на живот. Во слободното време се занимава со поправка и одржување на велосипеди, со што практично ги промовира нивната повторна употреба, продолжувањето на животниот век и одржливата мобилност. Како активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, е одговорен за практичната реализација на настаните и логистичката поддршка на активностите на здружението, придонесувајќи со своите технички вештини, практично искуство и организациски способности во реализацијата на теренски, едукативни и еколошки иницијативи.

ЧЛЕН / КРЕАТИВНИ И ЦИРКУЛАРНИ АКТИВНОСТИ
Жаклина Миновска
Рачна изработка · реупотреба · компостабилни материјали
Прочитај повеќе...
Жаклина Миновска е активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, вклучена во практичната реализација на активностите и во презентацијата на резултатите од проектите и иницијативите на здружението. Таа се занимава со изработка на рачни и декоративни производи од рециклирачки, повторно употребливи и компостабилни материјали, преку кои креативно ги промовира принципите на циркуларната економија и одговорното користење на ресурсите. Нејзината креативна дејност е насочена кон претворање на едноставни и отпадни материјали во нови, естетски и функционални предмети, со што покажува како одржливоста може да се изрази преку уметност и практична изработка.

ЧЛЕН / ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Горан Дојков
Овоштарство · органско производство · рурален развој
Прочитај повеќе...
Горан Дојков е производител и доставувач на овошје со практично искуство во земјоделското производство и снабдувањето со свежи земјоделски производи. Посебно значење му придава на органското земјоделство, одржливите производни практики и одговорниот однос кон почвата, природните ресурси и квалитетот на храната. Како активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, е вклучен во теренската реализација на активностите и во генерирањето иницијативи поврзани со руралниот развој, унапредувањето на органското производство и подобрувањето на условите за локалните земјоделски производители. Со своето практично искуство и познавање на состојбите на терен придонесува кон развој на реални и применливи идеи за поодржливо земјоделство и посилни рурални заедници.

ЧЛЕН / ЛОГИСТИЧКА И ПРАКТИЧНА ПОДДРШКА
Лазе Мицев
Меѓународни тимови · градежништво · циркуларна економија
Прочитај повеќе...
Лазе Мицев е активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА со искуство во менаџирање и координација на меѓународни тимови во градежната индустрија. Во рамки на здружението обезбедува логистичка и практична поддршка при реализацијата на теренските активности, придонесувајќи со своите организациски способности и искуство од работа во динамични работни средини. Неговиот интерес е насочен и кон развој на идеи за повторна употреба и валоризација на отпадни материјали во градежништвото, со цел поттикнување поодржливи практики, рационално користење на ресурсите и примена на принципите на циркуларната економија во градежниот сектор.

ЧЛЕН / КОМУНИКАЦИЈА И МЛАДИНСКИ АКТИВНОСТИ
Бојан Стојановски
Комуникација · логистика · младински иницијативи
Прочитај повеќе...
Бојан Стојановски е активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА со искуство во комуникација, продажба и работа со луѓе. Во здружението е вклучен во комуникацијата со членството и логистичката поддршка на активностите, придонесувајќи за подобра координација и поврзување меѓу членовите. Негов особен интерес е развојот на идеи и иницијативи поврзани со заштитата на природата и животната средина, како и поттикнувањето на младите на поактивно учество во еколошки и општествено корисни активности. Посебен придонес дава во активирањето и развојот на младинскиот огранок на КАМПУС ПЧЕЛКА, со цел создавање простор за волонтерство, младински иницијативи и практична едукација.

ЧЛЕН / ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Андријана Стојанова
Органски зеленчук · одржливо производство · локални заедници
Прочитај повеќе...
Андријана Стојанова е активен член на КАМПУС ПЧЕЛКА, производител на органски зеленчук и голем вљубеник во природата и одржливиот начин на живот. Своето практично искуство во земјоделското производство го насочува кон примена и промоција на органски и еколошки прифатливи практики, со почитување на природните ресурси, биодиверзитетот и здравата храна. Во рамки на здружението поттикнува и реализира иницијативи поврзани со органското земјоделство, руралниот развој и јакнењето на локалните заедници, придонесувајќи практичните знаења од терен да се претворат во едукативни активности и применливи модели за поодржливо производство.
+
СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД КАМПУС ПЧЕЛКА
Дали сте вие нашиот следен член?
Доколку се чувствувате мотивирани да бидете активист или волонтер на здружението, пријавете се преку формуларот во полето Контакт.
Отвори го формуларот